Филипче ќе треба да одговори дали со Заев билe на платен список на омилената и повластена веледрогијата д-р Пановски

На денешната трибина на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ во Виница на дебатата насловена „Случај „ДИВО МЕСО“ – Мора да има одговорност за канцер-мафијата“ свое обраќање имаше пратеникот Антонијо Милошоски кој што истакна дека поранешниот министер Венко Филипче имал своја омилена веледрогерија која што била повластена и во министерството за здравство и кај Малмед, и во Фондот за здравствено осигурување а доколку собрал храброст да се појави втор пат на комисија ќе му било поставено прашањето дали тој и Заев биле на платен список на веледрогеријата Д-р. Пановски.

„Во анкетната комисија еден од првите кои што дадоа искази беше поранешниот министер за здравство Венко Филипче кој што во својот исказ кажа тој не бил информиран за исклучениот КАТО систем, дека тој не бил информиран за одредени набавки на реверс од клиниката за онкологија и дека тој не бил информиран и за други пропусти кои што довеле до овој скандал. Но, по продолжувањето на работата на комисијата ние видовме дека сами чинители од Фондот за здравство, поранешни директори на клиниката за Онкологија, па и поранешни директори на Малмед, дадоа искази дека министерот не само што бил информиран туку министерот бил тој што му давал насоки на директорот на Онкологија како да постапи особено во делот на набавка на лекови. Затоа нашиот заклучок кој што може и дополнително да се истражи од обвинителството е дека поранешниот министер Венко Филипче имал своја омилена веледрогерија која што била повластена и во министерството за здравство и кај Малмед, и во Фондот за здравствено осигурување. Сметам дека се работи за една силна фармаколошка империја создавана долго време и мислам дека тука во тој дел почнува и самата големина на скандалот и затоа се случуваат вакви скандали денес и ако не се смени системот може да продолжат да се случуваат и во иднина“, нагласи Милошоски.

„Во однос на Јовевски кој што дојде во собранието и одржа политички говор наместо да се држи до членот 8 од законот за јавно обвинителство и да ја информира јавноста, до каде се со истрагата по ова прашање од висок јавен интерес јас само би напоменал еден член а тоа е членот 295 од законот за здравствена заштита“, истакна Милошоски.

Милошоски кажа и дека доколку собрал храброст поранешниот министерот за здравство Венко Филипче по втор пат да се појави на комисијата ќе му било поставено прашањето дали тој и поранешниот премиер Заев биле на платен список на веледрогеријата Д-р. Пановски, информација која што ја добил член на комисијата на неформален разговор со поранешен директор еден од сослушаните.