Утрово на „Партизанска“ – Полицијата блокира Брза помош, за да помине луксузно возило на политичар

Фејсбук објава на новинарот Мартин Богатиновски која утрово стана вирална на социјалните мрежи. Ви ја пренесуваме во целост:

– Утрово, на крстосница на Партизанска во Скопје, се слушнаа две сирени: возило на Брза помош од едната страна и полициско возило кое му го расчистува патот на луксузното возило на некој политичар, од другата страна.

И нормално, полицијата, ни две ни три, му го блокираше патот на возилото на Брза помош кое иташе да спаси нечиј човечки живот, и по брза постапка му го расчисти патот на политичарот кој иташе да си го испие своето прво утринско кафе на удобната фотелја.

Толку треба да знаеме за приоритетите во државава. 

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK