Нова провокација од Касами: По Косово и Македонија ДА СТАНЕ АЛБАНСКА ДРЖАВА (ВИДЕО)
Како наближуваат изборите, тeтовскиот градоначалник и лидер на БЕСА, Билал Касами не запира со националистичките изјави и провокации.
Тој синоќа во Тетово, честитајќи го празникот 28 ноември – Денот на знамето на Албанија, повика на единство меѓу Албанците преку провокативна изјава, пренесе Фактор.
„Косово да стане втора албанска држава, а по Косово, зошто да не и Македонија“, објави весникот Лајм.
Повика на обединување и на Прешевската долина.
Овие коментари Касами ги даде на настанот организиран во Тетово, каде Европската лига за промени, на која припаѓаат Беса, Алтернатива и Демократско движење, официјално ја потпишаа декларацијата за соработка под името „Европска лига за промени“.
Касами претходни пушташе улица над која се вееше знаме со „Голема Албанија“, а исто така бараше да се тргне крстот од Попова Шапка.