Во Македонија постои законска пречка Кацарска јавно да го поддржува СДСМ, но не постои пречка да си поднесе оставка

Во Македонија постои законска пречка Кацарска јавно да го поддржува СДСМ. Но, не постојат законски пречки Добрила Кацарска да си поднесе оставка и да и прави друштво на Вилма Рускоска бидејќи сличностите и соработката им се преголеми, oбвини ВМРО-ДПМНЕ по интервјуто на првиот човек на Уставниот суд за бугарските медиуми.

И двете слугувале како извршители на политичката агенда на власта на СДСМ и ДУИ и двете беа наградени за судско-обвинителскиот терор кој што го извршија врз неправедно обвинетите за 27-ми април. Ако не може да се воздржи од политички изјави во корист на СДСМ, Кацарска може да даде оставка и да стане кандидат за пратеник на СДСМ на изборите догодина, а по поразот може и да претендира на позицијата лидер на СДСМ.

Имајќи предвид дека е единствениот во свет претседател на Уставен суд кој претходно бил казнет од Уставниот суд, Македонија може само да добие со нејзиното заминување од функцијата која не ја заслужува, туку и е награда за спроведување на наредбите од СДСМ