СДСМ станала трета партија? Уф, ова боли!

Последната анкета, спроведена од агенцијата Маркет вижн од 18 до 25 септември, а по нарачка на редакцијата на МКД.мк., покажа дека рејтингот на СДСМ драстично паѓа. Со рејтинг од 9,5 СДСМ е трета партија, зад ВМРО-ДПМНЕ која има рејтинг 25,1 отсто и ДУИ со 9,7 отсто.

Поранешниот истакнат член на СДСМ, актерката Софија Куновска со коментар – ова боли!

Колку и да сум критична кон СДСМ, секогаш со намера да се спречи пропаѓање, ова боли…

Само вие продолжете да се сликате и лепете го поцврсто за СДСМ сето разочарување, изневерено очекување, потфрлање во борбата со корупција, злоупотребите на тие што ги чистевте со метла, а и самите бевте нивни ментори и соучесници.

Ќе се сликате и на следните избори. За жал.

Кога би можела само да знам уште колкумина ли ќе се иселат додека не се заборават сите наталожени неисполнети очекувања и не се роди нова надеж?

Вие ќе си ги трошите милионите, семејствата кои дури имаат човечки загуби од вашата бахатост и неодговорност ќе си ја носат болката со себе, нашите деца ќе заминуваат, но сепак ќе останат доволно луѓе кои ќе бидат хроничари и нема да дозволат да играте на картата на кусо паметење и да ни се враќате повторно со ретуширани биографии – стои во статусот на Куновска.