Трипуновски: Зошто наместо во март 2022, средствата од ИПАРД 3 почнуваат од септември 2023, и кои се корисниците за истрагите на ОЛАФ во Платежна?
Испровоциран од денешната пресконференција на СДС, а во интерес на вистината ги повикувам јавно да одговорат на неколку прашања, напиша на Фејсбук Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Која е причината што ИПАРД 3 стартува во септември 2023 наместо во март 2022 како што беа првичните најави?
-Зошто сѐ уште не е склучена финансиската спогодба помеѓу Европската Комисија и РМ?
-Зашто ги лажете луѓето дека авансно ќе исплаќате средства (потребна е банкарска гаранција во износ од 120-130%)?
-Зошто не ја информиравте јавноста за кои случаи и кои се корисниците за истрагите на ОЛАФ во Платежната агенција?
-Зошто не успеавте повеќе од €10.000.000 да ги искоритите од ИПАРД 2?
Иако се сомневам дека ќе дадете одговор на овие прашања, одговорот е јасен, а тоа е заради вашата неспособност и криминогеност!!!, вели тој.
https://www.facebook.com/tripunovskicvetan/posts/853008369726261?ref=embed_post