Балканот во ЕУ до 2030-та година, убав сон од кој брзо ќе се разбудиме

По вчерашниот самит Брдо -Бриони стана јасно дека Балканот има само декларативна, но не и конкретна поддршка за членство во ЕУ.

За конкретен рок не ни станува  збор. И додека другите претседатели завиено и во ракавици говореа дека изјавата на првиот човек на Евроскиот совет Шарл Мишел за членство до 2030 година е негово лично очекување а не став на ЕУ, српскиот претседател Вучиќ го кажа најсликовито.

За Вучиќ тоа се убави желби и сон и оти кој е тој да им ги руши соништата.

Ова се убави желби но кој сум јас да им го уништам оптимизмот и да им ја намалам амбицијата на некои друи.Одлично е ако е така но сум сигрен-изјави Вучиќ вчера во Скопје.

Тој е искрен дека не сака да зборува за датуми и години само за да добие на избори и оти тоа не му треба.

    -Треба да кажат дали не сакаат. Но и тоа не е клучното прашање. Клучното прашање е дали се развиваме со доволна брзина или не – нагласи шефот на српската држава.

Пред Македонија стоеше Грција, сега стои Бугарија, а за Србија тоа ќе биде Хрватска, или можеби и Бугарија.

Помладите членки на ЕУ како што се Бугарија ги употребуваат или злоупотребуваат добрососедските односи.

Тоа му е јасно и на македонсккиот претседател Пендаровски кој нагласува дека добрососедството  е задолжителна клаузула во ЕУ од 1997 година.

Меѓутоа, во однос на нашите аспирации досега, јасно е дека постои прилично голем дебаланс меѓу традиционалните критериуми за влез во ЕУ и билатералните односи со најмалку два од нашите соседи. Во последниве три години посебно, ние имаме сериозен дебаланс во таа смисла, бидејќи билатералниот проблем со Бугарија ја покри целокупната традиционална европска агенда за проширување. Ние се надеваме дека час поскоро ќе се промени тоа, бидејќи ако инсистирате на Западен Балкан да бидат решени чисто билатералните спорови, посебно ако се базираат на историјата или на емоциите, тогаш ниту еден од Западен Балкан нема да влезе во ЕУ кога било – истакна претседателот Пендаровски