Државниот врв на божиќен ручек кај г.г. Стефан
Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан по повод божиќните празници и својот именден – празникот на архиѓакон и првомаченик Св.Стефан, денеска ќе приреди традиционален божиќен ручек за државниот врв.
Божиќниот ручек традиционално се одржува во резиденцијата на архиепископот г.г. Стефан, а ќе присуствуваат и дел од членовите на Светиот синод на МПЦ-ОА.
Од Кабинетот на архиепископот за МИА информираат дека на ручекот ќе присуствуваат шефот на државата претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски.
Архиепископот г.г. Стефан, како што е најавено, ќе биди придружуван од двајца епископи.
На ручекот бил поканет и претседателот на Собранието Талат Џафери, но тој нема да присуствува поради задравствени причини.