Арсовска сменета од претседателската функција во ЗЕЛС, на нејзино место назначен Орце Ѓорѓиевски

Скопската градоначалничка Данела Арсовска е разрешена од претседателската функција во Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС). Одлуката е донесена со 14 гласа „за“ од вкупно 17 члена на Управниот одбор.

На нејзино место е назначен Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Кисела Вода.

Разрешувањето на Арсовска е по иницијатива на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, со прекинот на коалицијата со Арсовска тие немаат претставник во претседателството на ЗЕЛС.