Македонија на 85-то место според индексот на корупција на Транспаренси Интернешнл

Македонија e рангирана на 85-тото место меѓу 180 земји во светот според Индексот за перцепција на корупцијата за 2022 година на Транспаренси интернешнл.

Во однос на лани земјава напредувалата за една позиција. Македонија има 40 поени на скалата на која 0 означува најкрумпирана, а 100 најмалку корумпирана земја.

Од државите во регионот, најдобро позиционирана е Словенија на 41. место, Грција е на 51, Црна Гора 65, Бугарија 72, Косово 84, Србија е 101, а Босна и Херцеговина е на 110-то место.

Најмалку корупција, според Транспаранси интернешенел, има во Данска, Финска, Нов Зеланд и Норвешка, а најкорумпирани земји во светот се Јемен, Либија и Северна Кореја.