Се евакуираат ученици: Попладнево дојави за поставени бомби во средни училишта

Попладнево закани за поставени бомби добиле средните училиштата „Георги Димитров“ и „Владо Тасевски“ во Скопје.

По дојавата учениците веднаш биле евакуирани.

Минатата недела дојави за бомби имаше и во основни училишта, хотели, аеродромот во Скопје.

Досега сите дојави за експлозивни направи беа лажни.