Андоновска: Уште пред два месеца баравме информација од ЈСП и Арсовска што се случува во сообраќајното претпријатие, но одговор до денеска нема, скопјани ги трпат последиците од нивното неспособно менаџирање

Главниот приоритет на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е јавниот интерес, а јавниот интерес подразбира квалитетен, навремен јавен градски превоз. Но, дали ние во моментот имаме таков јавен градски превоз? Одговорот е не, вели советничката во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Марија Андоновска на денешната седница, рече  советничката во Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска.

Андоновска истакна дека скопјани немаат соодветен јавен градски превоз, а останатите кои што не го користат се соочуваат со сообраќајниот хаос, посочувајќи дека сето ова е поради неспособноста на Арсовска и директорот на ЈСП да го решат проблемот. Зошто? Затоа што и оние кои што го користат и оние кои не го користат јавниот градски превоз ја гледаат реалната слика во моментот, а тоа е преполни автобуски станици, чекање на автобуси подолго од еден час, а од друга страна блокиран главен град, приватни превозници кои што си ги бараат своите права затоа што градот и ЈСП им должи, и немаат финансиски средства да си ги прехраната своите семејства. Значи имаме граѓани кои што немаат јавен градски превоз онаков каков што имале и каков што заслужуваат, и превозници кои си ги бараат своите права. И повторно ќе повторам, нашиот интерес е овој проблем да се реши и нашето барање е да добиеме релевантни информации врз основа на кои ќе може да се донесе решение и да се одблокира градот. Граѓаните немаат јавен градски превоз бидејќи градот и ЈСП во моментот не се способни да го обезбедат тоа, рече Андоновска. Андоновска ја отфрли изјавата на секретарот на Град Скопје Зоран Глигоров како неважечка и лажна кога рече дека немале време да ги достават информациите до советниците за тоа што точно се случува во ЈСП, укажувајќи дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата уште пред два месеца со протестот на вработените во ЈСП барале и од градот но и од ЈСП да се достави информација за тоа што точно се случува во ова јавно сообраќајно претпријатие, но до денеска не добиле никаква повратна информација. Ние како совет понудивме решение и побаравме информација врз основа на кои би се донело решение за сето ова да престане. Еве хронолошки ќе се навратам наназад. Овде Зоран Глигоров секретарот на Град Скопје изнесе дека немале време да ни дадат информации бидејќи оваа информација која што стигнала сега од советничката група на СДСМ, времето им било кратко да ни дадат информација. Еве за потсетување советничката група на ВМРО-ДПМНЕ уште пред два месеца кога Зоран излезе со автобусите пред влада, уште од тогаш ние видовме дека работите во ЈСП не одат на добро, дека не се менаџира со ЈСП како што треба, и од тогаш баравме информација да ни се достави што точно се случува во ЈСП. Колегите советници на повеќе седници, дури и на седницата за советнички прашања бараа информации, во континуитет тоа го правеа што се случува во ЈСП, бараа документација, бараа одговори и од градот и од директорот на ЈСП. Но, за жал и до ден денеска нема ништо, така што ова образложение дека се нема време да ни се дадат информациите не важи и е лага, му порача Андоновска на Глигоров. Понатаму, да потсетам приватните превозници побараа средба со сите советнички групи, на кои што сите советнички групи се состанаа со приватните превозници и на тој состанок сите советнички групи добија одредена документација од страна на приватните превозници. Е сега истото тоа сакавме да го добиеме и од ЈСП за да видиме која е реалноста и да најдеме решение. Но, повторно ќе кажам информации од ЈСП не добивме, децидна е таа. Андоновска уште еднаш упати апел до директорот на ЈСП и градот Скопје да достават информација за тоа што се случува во ЈСП, се со цел да се изнајде соодветно решение во интерес на скопјани, истакна Андоновска.

Уште еднаш од тука апелирам до градот Скопје, до ЈСП да ни овозможат да ги имаме информациите кои што ги бараме, бидејќи не ги бараме за нас лично, туку за граѓаните кои што не можат да стигнат чекаат по час и пол автобус, а чекаат затоа што ниту градот, ниту ЈСП не овозможиле да има соодветно решение, потенцираше Андоновска, додава таа.