Бугарите си ја ишкаат мувата од капата – им пречи што Македонија го слави 11 Октомври: СРАМОТА И ГНАСОТИЈА Е 80 ГОДИНИ ДА СЕ ЛАЖЕ ЦЕЛО ОПШТЕСТВО!!!

На нашите источни соседи им пречи тоа што Македонија го прославува 11 Октомври како ден на народното востание против бугарскиот фашистички окупатор.

Први се јавија од т.н. Фондација Македонија кои на својот профил напишаа провокативен и понижувачки текст:

„На денешниот официјален „празник“ во Северна Македонија, посакуваме да им порачаме на Македонците: немало народно востание на 11 октомври 1941 година. Ве лажат. Станува збор за кривично дело на 20 герилци од Тито кои се фатени од полицијата во Прилеп за неколку часа. Овој „празник“ раѓа омраза кон Бугарите во Северна Македонија и Скопје не може да стане членка на ЕУ додека го „слави“ денешниот датум!

Комисијата за историја ќе стигне до овој период и ќе покаже дека 11 Октомври е криминално дело на 20 лица, чија жртва беше внукот на Дамјан Груев – Петар Дамев. Срамота и гнасотија е 80 години да се лаже цело општество дека криминално дејствие на 20 луѓе е „манифестација на македонската волја за слобода“. Срам на кој наскоро ќе биде ставен крај“.

Ништо ново и од бугарскиот европратеник Андреј Ковачев:

Вели нема разлика во идеологијата на рускиот претседател Владимир Путин и тие што слават 11 Октомври, кога од зад грб еден сограѓанин убил друг. 

„Многу е тажно што тие ја „слават“, како што велат, антифашистичката борба, или со други зборови антибугарската, борбата против бугарскиот фашистички окупатор, како што велат тие. И тие сметаат дека нивната држава е основана на тоа. Дали разбирате колку е сериозен проблемот? Проблемот е што нивната елита, како што велам, ова е прашање на елитата, и од СДСМ и од ДПМНЕ мислат дека државата им е антифашистичка и поради тоа излегува речиси истото што го кажува Путин. Не гледам никаква разлика меѓу идеологијата што ја шири Путин, дека се бори против нацизмот и фашизмот во Украина, и она што им го остави во наследство Тито во Скопје, дека се борат против фашистите. И ги видовме чудните сцени во Охрид, како повторно нè нарекуваат „фашисти“ и „Татари“. И споменот на неговото височество Цар Борис Трети се обидуваат да го оцрнат, што е многу недостојно“, изјави Ковачев за бугарската агенција Фокус.