КАКОВ Е ТОЈ СОЖИВОТ: Водителката исвиркана кога прозборе на македонски на прославата за Рамковен
Наместо да се слави мултиетничкиот карактер, што треба да биде еден од главните столбови на Рамковниот договор, синоќешната прослава на 21-годишнината од неговото потпишување мина во сенка на однесувањето на дел од присутните на забавата.
Дамка на прославата фрли исвиркувањето на водителката, кога таа прозборе на македонски јазик.
Од Владата засега нема реакција на однесувањето на присутните на настанот, кој според најавите на првиот вицепремиер Артан Груби, се очекува во иднина да прерасне на нивото на Егзит.