Двоцифрена инфлација заради Ковачевски и неговата неспособност, цените вртоглаво растат, народот е се посиромашен
Двоцифрена инфлација заради Ковачевски и неговата неспособност, цените вртоглаво растат, народот е се посиромашен.
Државниот завод за статистика денес објави податоци дека индексот на трошоците на животот во април 2022 година, во однос на април 2021 година, бележи зголемување од 10.5%, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 11.1 %.
Двоцифрениот скок на цените значи дека на земјава и се заканува уште поголема инфлација и уште поголема сиромаштија.
Цените на производите на мало и услугите во април годинава, во однос на април минатата година се зголемени од 10% до 53%. Во истиот овој период е зголемена и цената на струјата за 30% и цената на парното греење за 15%.
Кризата во економијата и неспособноста на власта да се справи со истата и да донесе подобар живот се и едни од причините зошто е потребен дијалог за избор, кои мора да се случат час поскоро.
Ковачевски, СДСМ и ДУИ не знаат како да излезат од сите кризи во кои ја втурнаа државата, затоа предвремени парламентарни избори час поскоро.