Повеќе од илјада украински војници, меѓу кои и „стотици ранети“, се уште се во челичарницата Азовстал под опсада на руските сили во Мариупол, во југоисточна Украина, изјави денеска украинската вицепремиерка Ирина Верешчук.
По евакуацијата на сите цивили минатата недела со помош на Обединетите нации, „повеќе од илјада“ војници останаа во подземните галерии на огромниот металуршки комплекс, изјави Верешчук за Франс прес.
Таа додаде дека меѓу војниците има и „стотици повредени“, како и дека има и такви со сериозни повреди кои треба итно да се евакуираат.
Украинските власти во текот на викендот соопштија дека сите жени, деца и постари лица биле евакуирани од фабриката за челик.