Трипуновски: Николовски по Србија, моли за пченица и од Бугарија, кој ќе профитира од реекспортот тежок милиони?

Владата лажеше дека има доволно пченица. По Србија, ќе увезуваме и од Бугарија.

Димитар Ковачевски и Љупчо Николовски првин тврдеа дека во стоковите резерви има доволно пченица, за потоа да признаат дека таа пченица од 45 илјади тони, која мора да ја има во резервите, не е во државна, туку сопственост на приватните млинови и трговци. За на крај да заврши со молење во Србија да се тргне забраната за извоз за пченица за Македонија, за да можат трговци да увезат  50.000 тони пченица.

Откако измолија пченица од Србија, сосема ја збунија  јавноста, со изјава дека пченица не е за Македонија, туку за извоз.

Откако еднаш според нив им помина, сега повторно владата иако вели дека имаме доволно пченица, моли за пченица од  соседна Бугарија.

За кого се овие количини пченица кои ќе се повлечат од соседна Бугарија?

Дали владата целиот изминат период лаже за тоа колку пченица имаме, или всушност во ек на криза користејќи државни ресурси и концесии овозможуваат профит на поединци и фирми блиски до нив, кои треба само да извршат реекспорт на пченицата од Србија и Бугарија во трети држави, и така да заработат милиони?

Почитувани,

Додека Љупчо Николовски тера бизнис, народот плаќа 110% поскап леб од лани.

За брашно, исто како и за зејтин има редици пред маркетите или воопшто го нема, а министерот за земјоделство, наместо да се грижи да ја снабди државата, си брка бизнис.

Николовски да каже зошто ако имаат доволно пченица, и ако пченицата за која преговара е за Македонија не интервенира на пазарот со домашните резерви доколку ги има за да се спречи не само зголемување на цените на лебот и брашното, туку да се постигне намалување на веќе напумпаните цени на прехранбените производи?