Борел: Направивме грешка што и ветивме на Украина дека ќе биде примена во НАТО

Заставе Украјине и НАТО-а - Sputnik Србија, 1920, 11.03.2022

Министерот за надворешни работи на Европската унија, Жозеп Борел, смета дека Западот направил бројни грешки во односите со Русија, вклучувајќи го и ветувањето за прием на Украина во НАТО.
„Подготвен сум да признаам дека направивме многу грешки и ја загубивме можноста да ги зближиме Русија и Западот… Има моменти кога можевме подобро да постапиме, има работи што ги предложивме, а потоа не можевме да реализираме, како на пример ветувањето дека Украина и Грузија ќе станат членки на НАТО. Мислам дека е погрешно – да ветуваш нешто што не можеш да го исполниш“, изјави Борел во интервју за ТВ каналот „ТФ1“.
Украинскиот претседател Владимир Зеленски претходно изјави дека изгубил интерес за влез во НАТО и дека Алијансата не е подготвена да ја прифати Украина, бидејќи се плаши од контрадикторни работи и конфронтација со Руската Федерација.