18 години од смртта на Претседателот Борис Трајковски

Сара, ќерката на Борис Трајковски раскажа што наследила од татко ѝ - Галама

Денес се навршуваат 18 години од смртта на Претседателот Борис Трјковски, кој заедно со преставниците на неговиот кабинет леташе во Мостар, Босна и Херцеговина, за да присуствува на економска конференција.

Покрај претседателот Борис Трајковски, животот го загубија портпаролот Димка Илкова Бошковиќ, советниците Ристо Блажевски и Анита Лозановска, претставникот на Министерството за внатрешни работи Миле Крстевски, телохранителите Аце Божиновски и Борис Велиновски, како и пилотот и копилотот на авионот.

На гробот на Трајковски и на загинатите членови на делегацијата на градските гробишта во Бутел, цвеќе ќе положи претседателот на државата Стево Пендаровски, а делегации од Кабинетот на Претседателот ќе положат цвеќе и пред спомен-обележјето на местото на несреќата во Ротимље, Босна и Херцеговина и на гробот на еден од членовите на делегацијата, во Велес.

Постави одговор

Your email address will not be published.