На Пале Илиоска и се суди за „убиство во миг“ – таа се изјасни за невина!
За велешанката Павлина Илиовска денес во Основниот Суд Велес започна судењето на кое таа се суди за кривичното дело „убиство во миг“. Таа изјави дека не се чувствува за виновна, бидејќи делото го направила во самоодбрана.
Да потсетиме, Пале живееше со невенчаниот сопруг, полицаецот Александар Ристовски, кој според многумина кои ги познавале, бил крајно насилен и често пати Пале била претепувана и малтретирана од невенчаниот сопруг.
Кобниот 29 септември, тој во алкохолизирана состојба, почнал да ја навредува, да ја нарекува со погрдни зборови, ја влечел низ куќата, ја удирал со клици и тупаници. Во еден миг Пале успеала да фати нож и му нанела смртоносен убод во пределот на срцето.
Многу врева се дигна околу овој немил настан и многу луѓе, невладини организации, а и Хелсиншкиот Комитет застанаа во одбрана на малтретираната девојка и бараат да и се суди за убиство во самоодбрана, дело за кое следува помала казна од делото „убиство во миг“.