Гевгеличани со поддршка за сопственик на ресторант за казна од 7,000 евра заради лица со лажни сертификати
Телевизија Нова пренесува за поддршката на граѓаните на Гевгелија за сопственикот на ресторантот “CREAM“ Ристо Петков, кој бил казнет од страна на инспекциските служби затоа што во ресторантот биле затекнати лица со лажни сертификати и бил казнет со 7,000 евра.
„Ми го уништија бизнисот, не можам да платам 7,000 евра казна за Ковид сертификати. Две години се боревме да преживееме. Две години не можеме два денара да извадиме. Позајмици правам да платиме струја, плати. Ова е катастрофа. Дали сум јас или некој друг, вака не бива. Јас не сум убиец. Идат гости, во време кога има 100,000 лажни сертификати, кога економијата е нула, ова ни го прават, знаете ли колку пара е седум илјади евра?,“ рече во емотивниот говор Петков, сопственикот на ресторантот.