100 години од раѓањето на Блаже Конески

Денес се навршуваат точно 100 години од раѓањето на Блаже Конески.

Роден е во прилепското село Небрегово.

Конески е најзначајната фигура на македонскиот 20 век. Филолог, поет, прозаист, есеист, литературен историчар, преведувач, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, академик – прв претседател на Македонската акадамија на науките и уметностите (МАНУ). Носител е и на Златен венец на Струшките вечери на поезијата

Тој е еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик. Со своето дело, Конески извршил широко влијание врз културно-општествената заедница, како во Македонија, така и на просторот на поранешна Југославија и во европски рамки.

Поезијата на Конески е блиска до народот, каде татковината е реален поим, живее во него и во секој наш човек, тој ја гледа, ја разбира и ја прифаќа, ја оживува нејзината историја, традиција, бит и ги поттикнува родољубивите чувства.