По свадба – тапани!
Откако протекоа слики од Премиерот Заев како безгрижно и со насмевка се сонча на плажа на сеуште непозната дестинација, се запалија сооцијалните мрежи од негативни коментари. Се појавуваа и слики за споредба со поранешниот Премиер Груевски, кој како реагирал во ваква кризна ситуација во која се наоѓа државата.
Како и да е, од срам ли е, од притисок ли е, за ПР ли е, Заев се врати од одмор и денес со Министрите Шеќеринска, Флипче и Шахпаска се појави во беровско Будинарци.
Тој на неговиот Фејсбук профил го напиша следното:
„Беровско Будинарци е уште едно од македонските населени места кои се исправија пред огнот и заедно со пожарникарите, со своите мештани и со солидарната помош се борат за безбедност и за спас на околината. Шумите лесно се палат, а тешко се гасат – порачувам да внимаваме сите, да ја ставиме безбедноста на прво место и да ги спречиме сите ризици кои може да предизвикаат пожар.
Во овие денови на регионална солидарност, уште еднаш упатуваме огромна благодарност за помошта која е веќе на теренот, а пристигна од Србија, од Бугарија, од Словенија и од Австрија, како и за двата авиони кои пристигнуваат од Романија.
Ситуацијата ја следиме постојано и будно, во постојана ангажираност и координација се сите капацитети на државата и заедно со граѓаните и со пријателската помош заедно ќе се справиме со оваа опасност“.
Следеа лавина коментари, од кои издвојуваме:
„Оооо се прибравте од одмор!!!…..ама тоа дека ве фативме живи па ве издадовме на социјалниве мрежи, признајте!
Одмор терате. ОДМОР!!
Земјава ви гори, луѓе останаа без вода, струја, храна, вие на одмор! Имате ли срам! Имате ли образ!Од вас ни е срам пред сите држави што ни испратија помош!…башка и си подновивте возен парк, убаво. Со здравје да си се возите…па и шо ќе ни се противпожарни возила коа ни доаѓаат од надвор да ни гасат. Удри бригу на весеље….“
„Уште па не ти е срам да идеш и да се појавиш пред очите на народот… Изгоре цела Македонија ти се сончаш на плажа… благодари се на помошта од надвор за обичниот народ, ти шетај се со хеликоптер на кафе… до кај ќе стигнеме со вакви лидери… ама Дедото одозгора гледа“.
„Pa druze premiere, gledam deka odamna veke narodo sam se spravuva so se, i postvuvam ti go prasanjeto zasto sluzis premiero i vladata vo ednandrzava, ako narodo sam se spravuva? Razmili i mi odgovori“.