За вечер закажан уште еден протест против новите владини мерки

За вечер во 19.00 часот е закажан вториот по ред протест против новите рестриктивни мерки кои ги воведе Владата за граѓаните на Република Македонија. Овој пат, наместо марш, протестот ќе се одржи директно пред Владата.

Да се потсетиме, согласно препораките, Владата донесе одлука без разлика на капацитетот на објектот, за влез во угостителски објекти, кафетерии, барови, ресторани, обложувалници и казина, како и за влез на концерти, свадби, спортски настани и воопшто за сите организирани настани на отворено, но и за влез во трговски центри кои се затворени, задолжително треба да се покаже:

Сертификат за вакцинација, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест Ковид-19 или Потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето за лица над 18 години.

Забрането е организирање на свадби, веселби и прослави во објекти од затворен тип, додека друг тип на настани на затворено и натаму може да се организираат со исполнетост до 30% од капацитетот.