Преображение Христово – За многу години!

Зошто се осветува грозјето на Преображение?

Грозје и житни зрна се принесуваат во Црквата за благословување од една страна – во знак на благодарност на Бога, Кој ги дарува овие плодови за живот на луѓето, а од друга страна и затоа што од тие плодови ги приготвуваме виното и лебот за свештенодејствие, зашто и третото апостолско правило и 28-то на шестиот Вселенски собор дозволува тие плодови да се внесуваат во црквата. Истата намера, со која се принесуват и овие плодови во црквата, опишана е и во молитвите на нивното благословување, т.е. за Господ Бог да ги благослови плодовите давајќи им „дожд, благорастворен воздух, и погодно време за нивно созревање, за да ни бидат храна, а исто така и да се принесуваат како дар во храмот за осветување на Светите Тајни Христови”. Свети Василиј Велики (во беседата за 32 псалм) посочува на причината за ова молитва: „земјоделецот добива плодови од земјата не толку за своите трудови, туку поради Божјата добрина.”Кај нас осветувањето се извршува на празникот „Преображение”, а во северните делови од земјата осветувањето се извршува подоцна (на „Успение”), бидејќи подоцна созреваат плодовите.