Oд понеделник патување без ПЦР-тест
Нашата и уште четири земји од регионот со заедничка иницијатива во координација на министерствата за здравство одлучија од понеделник да дозволат влез без приложување негативен ПЦР-тест на граничните премини.
Владата вчера на седница донесе одлука од 12 октомври да им се овозможи непречен влез на државјаните од Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, а реципрочно е договорено и македонските граѓани да патуваат во овие земји без да покажат медицинска потврда. Обврска за ПЦР-тест досега немаа само за влез во Албанија и Турција.
Одлуката е донесена по предлог и позитивно мислење на Комисијата за заразни болести и заради неопходните потреби на граѓаните, но со апел од Владата патувањето да се сведе на минимум и исклучиво за неодложни потреби и со целосно и доследно применување на сите мерки за лична заштита од КОВИД-19.
Проценето е дека до овој момент нема индикации или висок број на влезени позитивни случаи од странство, а со тоа и нема висок ризик по јавното здравје. Но бројот на новозаразени во земјава и натаму е висок.