Силјановска Давкова: Посочи дека е луксуз во Македонија да се има пет потпретседатели во Собранието

Пратеничката Гордана Силјановска Давкова од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ денес од Собранието посочи дека луксуз е во Македонија да се има пет потпретседатели во Собранието.

„Прво, не можам, а да не кажам дека предност дадовме на избор на министри, заменици министри, а не на потпретседатели. И вие со право велевте дека сте незаменливи и сега дојде моментот значи да најдеме и замена. А, денеска во 10:30 бевме информирани за оваа точка и тоа мене ми создава деловничка дилема. Што вели Уставот? Уставот вели во членот 61 став 2 – „Организацијата и функционирањето на Собранието се утврдуваат со Уставот и со Деловникот“. Значи нема Собрание? Имаат Британците Парламент, имаат Швеѓаните Закон за Парламент, меѓутоа другите држави парламентарни демократии немаат“, рече Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова посочи дека не треба да има пет потпретседатели Собранието на Република Македонија.

„Единствено што е задолжително според ставот 3 кој што вели – „Еден од потпретседателите се избира од редот на пратениците кои припаѓаат на политичката партија застапена во Собранието, која е најголема опозициона партија“. И затоа јас значи исто така мислам дека не мора да избереме пет потпретседатели. Тоа не е кршење на законот, туку е спроведување на членот 21 став 2“, нагласи Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова додаде дека таа исто како и другите пратеници од опозициона партија апелира дека во една сиромашна земја е луксуз да се има пет потпретседатели во Собрание.