Управниот суд ги одби сите досега резгледани тужби на решенијата на ДИК
Управниот суд ја одби и тужбата поднесена од МОРО – Работничка партија, информираат за МИА, од Судот. Ова беше последната тужба за денеска за кој беше одржана јавна седница во Управниот суд.
-Управниот суд ја информира јавноста дека закажаната јавна расправа по тужбата поднесена од МОРО-Работничка партија е завршена и изреката на одлуката со која тужбата се одбива и се потврдува Решението на Државната изборна комисија е јавно соопштена на овластениот претставник, соопштија од Управен Суд.
Претходно, овој Суд ги одби како неосновани сите 101 тужба поднесени од Левица, 75 тужби од Алијанса за Албанците и Алтернатива, односно тужби поднесени против решенијата на ДИК, од страна на Социјадемократската Унија и политичката партија Демократи.
За утре се закажани и последните јавни расправи за тужбите поднесени од ВМРО-ДПМНЕ и Еднинствена Македонија.