Дејан Јовановски упатува – Македонија има потреба од државна спортска стратегија на повеќегодишен период

Македонија има потреба од државна спортска стратегија на повеќегодишен период. Спортот и државната партиципација како поддршка треба да се заснова на одреден континуитет за да покаже видливи резултати.

ВМРО-ДПМНЕ во последните петнаесетина години направи огромни чекори напред за спортот, имајќи предвид колкава е важноста и бенефитот за општеството и граѓаните во секојдневниот живот, од аспект на работоспособноста, одржувањето и унапредување на квалитетот на животот и здравјето на граѓаните, формирањето на здрави карактери и личности со прифаќање на позитивните вредности кои спортот ги афирмира.

Дејан Јовановски, е една од многуте спортски легенди кој е дел од политичката партија на ВМРО-ДПМНЕ, во предизборните денови тој ја открива програмата за подигање на спортот во Македонија. Неговото искуство има што да понуди на македонскиот спорт.

*КОЛКУ ВАШАТА ПАРТИЈА ОБРНУВА ВНИМАНИЕ НА СПОРТОТ?

ВМРО-ДПМНЕ во последните петнаесетина години направи огромни чекори напред за спортот, имајќи предвид колкава е важноста и бенефитот за општеството и граѓаните во секојдневниот живот, од аспект на работоспособноста, одржувањето и унапредување на квалитетот на животот и здравјето на граѓаните, формирањето на здрави карактери и личности со прифаќање на позитивните вредности кои спортот ги афирмира.

Буџетот на Агенцијата за млади и спорт, како државен орган на управата од областа на спортот, драстично се зголеми во однос на претходната декада, со оглед на посебните мерки кои беа донесени како дополнителни финансиски средства наменети за националните спортски федерации, спортски клубови и индивидуални спортисти, вклучително и даночните олеснувања за компаниите од делот на данокот на добивка, кој во последните години беше изобличен во форма на спортски ваучери. За десетина години беа изградени голем број на спортски објекти и отворени терени низ целата држава, користени од спортските клубови и рекреативците, истовремено вклучени во функција на образовниот систем во рамките на училиштата. Како поттик беа воведени посебни спортски стипендии кои сеуште се доделуваат на талентираните млади спортисти кои имаат значаен спортски успех во спортот кој го практицираат.

Следната влада на ВМРО-ДПМНЕ предвидува и дополнителни средства наменети за спортот од “спортскиот денар” со што државната партиципација во помагањето на спортот ќе биде на навистина високо ниво“.

*НА КОИ СПОРТСКИ ПРОЕКТИ ЌЕ СЕ ФОКУСИРАТЕ ВО СЛЕДНИТЕ ЧЕТИРИ ГОДИНИ?

„Комисијата за спорт на ВМРО-ДПМНЕ изработи квалитетна програма од оваа област која со внимание ги опфаќа значајните сегменти во својата надлежност, истовремено пратејќи ги светските трендови и научни достигнувања во спортот. Станува збор за спортската инфраструктура, финансиската помош на спортските субјекти, масовноста и едукацијата на човечкиот фактор во рамки на стручни лица, менаџмент и масовност, како и внимание на научно-образовниот систем и имплементација на светските достигнувања во делот на спортски стратегии и спортската медицина.

Како највпечатливи мерки и проекти кои ги предвидуваме се спортскиот денар, потоа изградба на Национален центар за спорт во кој ќе се сместат националните спортски федерации и Македонскиот олимписки комитет, изградба на бази за спортски подготовки на националните селекции и спортските клубови, финансиски средства за Институтот за спорт како научно-образовна институција, засилена меѓународна соработка значајна за размена на искуства во областа и едуцирање на македонски спортски кадар, а секако и зголемена  инклузија на жената во спортот.

Сите овие мерки и проекти ќе бидат правилно насочени кон спортот, со оптимални ефекти во правец на достигнување на високи спортски резултати, во функција на македонските граѓани и младите, со дополнителна цел што поголем процент од населението активно и непречено да се бави со спорт и спортски активности“.

*ШТО ПРЕТСТАВУВА ЗА ВАС СПОРТСКИОТ ДЕНАР?

„Спортскиот денар е нова мерка која следната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја донесе како поддршка за македонскиот спорт. Станува збор за финансиски средства кои ќе бидат обезбедени од акцизата на нафтените деривати. Битно е да се напомене дека овој денар не е дополнително оптоварување на граѓаните во малопродажбата, туку овој денар веќе е дел од цената на горивата, но наместо да оди во државниот буџет тој ќе биде насочен во спортот преку Агенцијата за млади и спорт.

Овие средства ќе бидат наменети за спортските субјекти и спортисти по критериуми кои ќе бидат донесени од страна на АМС, а дел ќе биде наменет за одржување на спортската инфраструктура.

Нашиот став е поголем дел од овие средства да биде наменет за младинските категории кои се основата на спортот и македонските национални спортски лиги и национални репрезентации, при што државните вложувања имаат ефект и се задржуваат во Македонија, во македонските спортски клубови, во домашните спортски објекти, па оттука и поддршката и оправданоста на истата.

Спортскиот денар ќе биде најголемата и најфункционална финансиска мерка која воопшто е донесена во историјата на македонскиот спорт, а ние сме навистина горди на тоа што сме дел од тимот кој ја промовира и доследно и одговорно ќе ја реализира“.

*КАДЕ ЈА ГЛЕДАТЕ МАКЕДОНИЈА НА СПОРТСКИ ПЛАН ЗА ЧЕТИРИ ГОДИНИ?

„Македонија има потреба од државна спортска стратегија на повеќегодишен период. Спортот и државната партиципација како поддршка треба да се заснова на одреден континуитет за да покаже видливи резултати.

Македонската спортска стратегија би се однесувала на еден систем на функционирање кој се однесува на вклучување на што поголем дел од популацијата во практицирањето на спорт, односно масовноста, вклучувајќи го рекреативниот спорт. Следува вниманието кое би се дало на младите спортисти и младинските категории кои се основа на секој клуб, од аспект на држава. Грижата и помошта за функционирањето на националните спортски федерации и поддршката на Македонскиот олимписки комитет се суштината на стратегијата, одржувајќи и унапредувајќи ја комплетната спортска инфраструктура.

Посебните мерки и даночни олеснувања за компаниите како потенцијални спонзори во спортот се секако неизбежен дел кој би ги овозможила државата со цел да се поттикне желбата и директното финансирање во врвниот спорт и достигнувањето на високи спортски резултати.

Носењето на Стратегијата ќе овозможи успешно функционирање на соодветен спортски систем во кој континуирано ке се создава нов и млад спортски кадар, ќе се продуцираат домашни спортисти и ќе се создаде поволна клима за спонзорите за инвестирање во спортот, па така ќе можеме да очекуваме македонско учество на Олимписките игри, на европските и светските натпреварувања, каде македонските претставници достојно ќе ја презентираат и афирмираат нашата држава“.

Поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец, актуелен член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Текстот е превземен од sportmedia.mk

Постави одговор

Your email address will not be published.