Мицкоски: Не може да немате консензус со најголемата политичка партија!
Не може да немате консензус со најголемата политичка партија. ВМРО-ДПМНЕ е партија со најголем број на пратеници во Парламентот, најголем број на градоначалници и советници, одбрани од народот. Штом сте одбрани од народот и земате плата од него, должни сте и да ги почитувате неговите желби. Затоа, дома треба да постигнеме консензус и ќе имаме подобри позиции надвор. Во спротивно, ќе губиме. И тоа ме боли.
Треба да покажат почитување кон ВМРО-ДПМНЕ и да престанат насилнички да ги турнаат работите, без консултација.