Апел за помош: Да му помогнеме на младиот велешанец Јован Ивев

Апел за помош на младиот велешанец упати неговата мајка Снежана:

Драги пријатели, се работи за мојот син Јован Ивев кој има 26 години. На 23.09.2019 година како возач на камион имаше несреќа при истовар на роба во Ротердам, Холандија.
При истовар врз него се паднати метални цевки од околу 2500 кг. Металните цевки му ги нагмечиле главата, градниот кош, абдоменот, карлицата и нозете. Отстранувањето на цевките траело долго при што тој е останат без кислород и реакција на срцето. По пристигнување на брзата помош тој е реанимиран и после неколку минути вратен во живот.
Во болницата во Холандија е лекуван 3 месеци по што е испратен во Македонија за понатамошно лекување.
Поставена му е дијагноза Dg Paraplegija i Tetraplegija.
За понатамошно лекување во моментов ни се потребни средства од 100.000 евра за алтернативно лекување, односно роботска неурорехабилитација, пресадување на матични клетки, вградување на епидурален апарат на ‘рбет, рехабилитација за негово закрепнување во Поликлиника ОРТО-МД Нови Сад, Србија .
Во моментов тој е неподвижен, ве замолувам за помош за тој да се исправи на нозе.

Сметка за донација 250014000660205 Sparcasse Banka, Јован Ивев

Сметка за донација од странство
Acc. No 02-307-06574978
IBAN MK07300307065749778
SWIFT KOBSMK2X
Sneza Iveva

Број за донација 143 131 за корисниците на Македонски Телеком.( Со повик )

Број за донација 143 479 за корисниците на А1. ( Со повик )

Ви благодарам.