848 новозаразени со Ковид- 19, починати се 22 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 3.506 тестови, а регистрирани се 848 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 451, Кавадарци – 50, Битола – 43, Велес – 39, Прилеп – 37, Куманово – 33, Кичево – 30, Тетово – 23, Радовиш – 18, Струга – 15, Гостивар и Неготино – по 13, Гевгелија – 11, Кочани и Ресен – по 10, Дебар – 9, Охрид, Крива Паланка и Валандово – по 6, Струмица – 5, Штип, Демир Хисар и Македонски Брод – по 3, Делчево, Берово и Демир Капија – по 2, Свети Николе, Богданци, Кратово, Македонцка Каменица и Пехчево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (848), регистрирани се 116 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 11 починати лица: 4 починати лица од Скопје (72г, 78г, 79г и 80г), 3 починати лица од Штип (77г, 84г и 90г) и по едно починато лице од Битола (69г), Куманово (52г), Кочани (70г) и Струга (83г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 11 починати лица од: Скопје (3), Штип (2), Битола (1), Велес (1), Богданци (1), Демир Хисар (1), Крива Паланка(1) и Охрид (1). Починатите лица се на возраст од 64г. до 87г. Лицата за починати се пријавени во период од 10.02. до 19.02.2022. Од починатите лица, 5 се починати во домашни услови, а 6 лица во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица, кај 21 лице се регистрирани коморбидитети.