Минималната плата ќе ја изеде инфлацијата од 6.7%, зејтинот, бензините, струјата се драстично покачени, СДСМ ако мисли добро за граѓаните, да не бега и да ги поддржи предлозите на ВМРО-ДПМНЕ
Ова СДСМ што нуди е гола лага, бидејќи минимална плата е речиси нагризана од инфлацијата, и се што имаме е само порамнување.
Минималната плата ќе ја изеде инфлацијата од 6.7%, зејтинот, бензините, струјата се драстично покачени.
Општ раст на платите е потребен заради лошите економски мерки на СДСМ и инфлацијата која ја предизвикаа.
Народот е се посиромашен и потребно е покачување на платите со цел граѓаните да не ја почувствуваат кризата.
ВМРО-ДПМНЕ во Собранието поднесе амандман на Законот за минимална плата со кој се предвидува усогласување на платите во јавниот сектор, со што платите на наставниците во основните и средните училишта ќе достигнат 45 илјади денари. Раст на платите ќе има и на административно техничкиот персонал. ВМРО-ДПМНЕ поднесе и предлог за покачување на пензиите за 20%.
СДСМ ако мисли добро за граѓаните, да не бега и да ги поддржи предлозите на ВМРО-ДПМНЕ.