Кузеска јавно нека каже по кој член од предложениот закон на СДСМ се превидува зголемување на платите
Жални се обидите на Кузеска да ја лаже јавноста.
Еве јавно Кузеска нека каже по кој член од предложениот закон на СДСМ се превидува зголемување на платите.
Време е да престане Кузеска да шири лажни вести.
СДСМ воопшто не предвидува зголемување на плати, а за тоа е доказ и одбиениот предлог на ВМРО-ДПМНЕ кој што предвидуваше скалесто зголемување платите, каде основната вредност на најнискиот коефициент и бод се изедначува со износот на минималната плата.
СДСМ и ДУИ имаат цел да се протурка штетен закон за продлабочување на партизацијата во образовниот процес. Со овој закон СДСМ и ДУИ предвидуваат укинување на еден од механизмите за контрола на квалитет во образованието, т.е. да се вработуваат наставниците и професорите на неопределено време без приправнички стаж.
СДСМ шверцерски како и секогаш бара да се стави закон којшто има за цел целосна партизација на образованието.