Василевска: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да дозволи носење на штетен закон за образовниот процес и целосна партизација во образованието
Четири дена тензии во Собрание и манипулации во јавноста од страна на СДСМ и ДУИ кои се со цел да се протурка штетен закон за продлабочување на партизацијата во образовниот процес.
СДСМ шверцерски како и секогаш што прави, сака неделовнички на дневен ред во Комисијата за образование, наука и спорт, да се стави закон којшто има за цел целосна партизација на образованието.
Лажни се тезите на пратениците од владејачкото мнозинство кои напразно се обидуваат да го одбранат овој штетен закон.
Со овој закон платите на просветните работници нема да се зголемат! Како што напоменав и претходно, овој закон има за цел само партизација во образованието.
Со овој закон СДСМ и ДУИ предвидуваат укинување на еден од механизмите за контрола на квалитет во образованието, т.е. да се вработуваат наставниците и професорите на неопределено време без приправнички стаж.
А, со тоа трансформацијата на работниот однос да се решава помеѓу неколку луѓе, по партиски клуч, помеѓу градоначалникот, директорот на училиштето именуван од градоначалникот, училишна комисија, како и комисија за трансформација. Целосна партизација во образовниот процес.
Доколку СДСМ и ДУИ беа искрени во намерата, и сакаа зголемување на платите во образованието, требаше да го прифатат предлогот од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, и да го прифатат амандманот поднесен на законот за минимална плата, со него се предвидува износот на коефициентите и вредноста на бодот на колективните договори на сите нивоа и во сите области да се усогласи со порастот на минималната плата.
Со овој амандман скалесто ќе се зголемуваа платите, каде основната вредност на најнискиот коефициент и бод се изедначува со износот на минималната плата.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да дозволи носење на штетен закон за образовниот процес и за целосна партизација во образованието. На Македонија и е потребено квалитетно образование.
Линк до виедото: