За 100 дена градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ реализираа околу 1090 проекти, а градоначалниците на СДСМ и ДУИ нула
Празните соопштенија на СДСМ нема да ја сокријат вистината дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ за 100 дена отпочнаа со реализација повеќе од нивните претходници од СДСМ за 4 години.
За 100 дена градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ имаат реализирано околу 1090 проекти за доброто на граѓаните.
За 100 дена градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ширум државата започнаа со проектирање, градба или реконструкција на нови 33 градинки и 68 училишта. Точно 206 улици и патишта се градат или реконструираат со вкупна должина од околу 100 километри. Се инвестира во градба на 111 водоводи и канализации, 96 игралишта и паркови. А, расчистени се повеќе од 200 диви депонии.
ВМРО-ДПМНЕ се грижи за граѓаните и општините.
Градоначалниците на СДСМ и ДУИ немаат отчет затоа што ништо не отпочнаа со реализација, нема со што да се пофалат пред граѓаните.
Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во периодот што доаѓа уште повеќе ќе интензивираат со работа и проекти за граѓаните.