СДСМ лаже дека со Законот за минимална плата не може да се врши усогласување на платите во сите сектори
СДСМ и владејачкото мнозинство ја лажат јавноста кога зборуваат дека со Законот за минимална плата не може да се врши усогласување на платите во сите сектори.
Практично вчера кога се донесуваше Предлог законот за измена и дополнување на Законот за минимална плата не беше усвоен амандманот на ВМРО-ДПМНЕ со кој што се предвидува усогласување на минималната плата со колективните договори.
Дрска и непримерна е лагата која што беше искажана и овде од говорница и од министерката за труд и социјална политка кога кажа дека со Законот за минимална плата не може да се врши усогласување во сите сектори затоа што тоа е предмет на колективни договори, а крунски доказ за тоа е членот 8 од Законот за минимална плата. Токму оној закон кој што се менува со предлог за изменување и дополнување на законот за минимална плата во кој што се предвидува дека со минималната плата ќе се изврши усогласување со колективните договори во рок од 6 месеци од донесување на законот за минимална плата кој бил донесен 2012 година со што на овој начин се менува концептот на минимална плата и се лаже јавноста дека со закон за минимална плата се регулира само минималната плата и истата не може да биде искористена за усогласување.
Видео: