Русија премести артилериски единици со долг дострел и ракетни фрлачи на борбени позиции кои и се закануваат на Украина, јавува Си-Би-Ес, цитирајќи неименуван американски функционер.
Некои руски единици ги напуштија своите претходни, групни позиции – прикажани на сателитски фотографии кои патуваат низ светот со недели – и почнуваат да се префрлаат на „напаѓачки позиции“, додаде истиот извор. Овој маневар е промена од неделната ситуација кога некои од единиците ги напуштија собирните пунктови, но сè уште не се распоредени на борбените позиции.
Соединетите Американски Држави веруваат дека Русија ќе ја нападне Украина до крајот на оваа недела, но засега е неизвесно во каква форма ќе се случи тоа, рече претставникот. Штом ќе започне рускиот напад, количината на информации што ги имаат Американците драстично ќе се намали. Американците немаат војници на земја или борбени авиони во воздух, а руските сајбер напади и електронската војна ќе спречат каква било комуникација, наведува Си-Би-Ес.
Во исто време, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја прогласи среда, денот за кој американското разузнавање го објави почетокот на руската инвазија, за Ден на национално единство. – “Ни кажаа дека ќе бидеме нападнати на 16 февруари. Ќе го прогласиме за Ден на националното единство. Јас веќе го потпишав решението за тоа. Ќе ги вееме нашите национални знамиња, ќе покажеме сини и жолти ленти и ќе го покажеме нашето единство на целиот свет“ – рече украинскиот претседател, чиј портпарол подоцна за Си-Ен-Ен изјави дека спомнувањето на 16 февруари не е сугестија дека ќе се случи напад, туку е иронична забелешка на Зеленски на постојните тези, пред се од Запад, дека на тој датум ќе започне инвазија.
Погледнете го емотивниот говор на Претседателот на Украина: