Василевска: ВМРО-ДПМНЕ има јасен и конзистентен став кој се однесува на подобрувањето на стандардот на живеењето на сите македонски граѓани

Во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Телевизија Алфа, гостуваше пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска, каде се осврна на амандманската интервенција за минималната плата и Пржинската Влада, таа посочи дека ВМРО-ДПМНЕ има јасен и конзистентен став кој се однесува на подобрувањето на стандардот на живеење на сите македонски граѓани и интересот на граѓаните е над сите други интереси.

„Евидентно е дека ние како ВМРО-ДПМНЕ нема што да тактизираме во поглед на прашањето за дефинирање на минималната плата. Сметаме дека тоа треба да биде рационално и да не предизвика друга штета кој би ја осетиле македонските граѓани на кои навистина им треба подобар живот а не ветер и магла“, посочи Василевска.

Василевска додаде дека таа не гледа никаква промена во тимот на оваа Влада која што би извршила некакво влијание во општеството, промени или проактивност. Туку имаме најгруб, најнизок меѓупартиски договор коишто нема врска со владината програма или со зацртаните цели.

Василевска се осврна и на денешната собраниска седница каде што не се укина Пржинската Влада и додаде дека тоа е поради немањето соодветна контрола на СДСМ врз сегментите во кои учествуваат во изборниот процес.

„Првенствено СДСМ ги знае сите бенефити за манипулација и контрола за подготовката и за време на спроведувањето на изборниот процес. Анксиозноста од немањето на соодветна контрола или свесноста дека и тие самите не ги контролираат сегментите во кои учествуваат во самиот изборен процес е стравот од кои бега СДСМ од укинување на Пржинската Влада“, заклучи Василевска.

Во однос на Декларацијата за Гоце Делчев, таа истакна дека СДСМ не се ни обидоа воопшто ниту да ја прочитаат, ниту имаат индивидуален, додека ВМРО-ДПМНЕ со Декларацијата им нуди на сите политички партии да застанат зад декларацијата и да направиме сериозно, достоинствено чествување на ликот и делото на Гоце Делчев.

„Немањето на баланс во однос на правата, должностите и внесувањето на прашањето за ревидирање на историјата помеѓу Република Македонија и Република Бугарија, создаде проблем коишто континуирано тој проблем се градеше во Бугарската политичка номенклатура. Додека пак ние тука влеговме многу слепо и клиентелистички поставени“, посочи Василевска.