Со телото бил на Водно, со срцето во Брисел и Вашингтон!

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски во емисијата Дебати на ТВ Шења индиректно го обвини поранешниот премиер Зоран Заев дека злоупотребил државни објекти во кои што бил чуван пратеникот Кастриот Реџепи.

„ Дали поранешниот премиер Зоран Заев, злоупотребил државни објекти, во кои што го чувале Кастриот Реџепи и дали државни објекти пред се премиерската вила и премиерските простории се злоупотребени за Кастриот Реџепи да е чуван“, изјави Николоски, додавајќи дека ако не е така нека го демантираат.

„Фокус“ му постави прашање дали на денот на гласањето на недоверба на Владата престојувал во премиерската вила, а Реџепи одговори дека негово право е каде ќе престојува, според неговата проценка за својата безбедност и безбедноста на неговото семејство.

Со ова самиот си призна дека со телото бил на Водно, со срцето во Брисел и Вашингтон, а сеуште е пратеник во Собранието на Република Македонија.