Бесими и Бектеши биле во еден од автомобилите кој е дел од верижниот судир пред Влада
Министерот за финансии Фатмир Бесими објави на својот фејсбук профил дека тој и Министерот за економија Крешник Бектеши биле во едно од возилата кои беа дел од вержниот судир пред Владата.
„Доцна попладнево, службеното возило со кое се превезував заедно со министерот за економија Крешник Бектеши на работен состанок во Владата беше учесник во сообраќајна незгода која се случи на крстосницата пред Владата.
Освен материјална штета на возилата, за среќа нема потешко повредени лица. Дел од учесниците се здобија само со полесни повреди. На повредените им посакувам брзо оздравување“.