Заевизмот да ги даде на увид интегралните одговори од Пакетот 5+1, а не да кажува приказни и да се колне во жицата
Заевизмот ги крие клучните документи поврзани со преговорите со Бугарија. Тоа значи дека оваа власт се обидува нешто тајно да испазари на сметка на македонскиот национален интерес, македонскиот јазик, историја и идентитет.
Да беше се чисто, власта на заевизмот и пиунот Ковачевски јавно ќе ги објавеа интегралните одговори од пакетот 5+1 кој пред неколку месеци им го дале на Бугарија. Замислете за вакво значајно прашање, јавноста во Македонија дозна од институциите во Бугарија. Дури после тоа дознавме од страна на Артан Груби дека овие одговорите биле удобни за бугарската страна, како божем нашите функционери да добиваат плата да ги задоволуваат потребите на Бугарија.
Пиунот Ковачевски и Бујар Османи треба итно да ги објават интегрално одговорите од пакетот 5+1, а не да прераскажуваат и да вртат од околу. Народот и јавноста се доволно мудри да прочитаат и да разберат што содржи овој документ.
Јавноста бара што точно формулирала власта на заевизмот во овие одговори. Народот не верува во колнење во воздухот, жиците и децата, затоа што Зоран Заев еднаш излажа, па не е чудо неговите поклоници и пиунот пак да излажат.
Господа од власта дајте ги на увид документите, и не ја замајувајте јавноста со приказни и колнења.