Индексот за перцепција на корупцијата не ни е баш добар
Според извештајот на Транспаренси интернешнл, Македонија во 2021 го дели 87-мото до 95-тото место со 39 индексни поени. Има мало подобрување од мината 2020 година, кога бевме на 111-то место, но според граѓаните тоа е затоа што баш и не остана ништо веќе за крадење, бидејќи народот е донесен до питачки стап.
Или како што ќе напише Хрисистијан Мицкоски на својот профил, Македонија има буџетски дефицит од околу 7.255.000.000 денари или нов долг за секое семејство за само 24 дена од 2022 година од околу 14.500 денари!