Ковачки до Пендаровски: Кого прашавте и од кого добивте дозвола да ги поткопувате македонските интереси и национални позиции?

Статус на Драган Ковачки упатен до претседателот Пендаровски:

Празник е, но не сакам заради празникот некои работи да останат некажани и неискоментирани во јавноста, а не’ засегаат сите нас како Македонци.

Вчера вечер, го слушав аналитичарот Пендаровски на интервју на 24 Вести.

Прво, “Независниот” Претседател на државата постави дилема дали бил можен напредок на државата кон ЕУ со ВМРО на власт?

И второ, тој што е платен од овие граѓани да ги штити националните интереси како што тоа го прави да речеме Радев во Бугарија, на телевизија на очиглед на цела македонска јавност ни нуди двојна формула за решение со јазикот. Демек Бугарите можеле да ни’ се обраќаат со формулацијата за јазикот “како што е запишано во Уставот на Република Северна Македонија”, но тоа тоа немало да значи дека и другите држави ќе го почитувале.

Аналитичаров на државна плата како да не знае дека токму поради неговата нелегитимна банда која го донесе на власт и со која заеднички владеат, дека токму тие се причината за неотпочнување на преговорите со ЕУ.

Аналитичару Пендаровски, ајде да појасниме:

1. Никој не сака на маса да седи со криминалци, рекетари, убијци и најкорумпирани политичари во Европа. За да се наречеш Европјанин, треба многу повеќе од празни зборови за демократија и желба за членство. Треба акција, а вие сте 5 години на власт и сте најдиректно одговорни за состојбата во која ја фрливте државата.

Но, кој да Ви каже Претседателе? Вие носите розеви наочари и од Водно не ја гледате маглата во Скопје и Македонија нели?

2. Кој Ви дозволи во мое име и во име на сите Македонци да кажувате дека не е проблем ако Бугарите сакале јазикот да ни го ословуваат со “јазикот на Република Северна Македонија”?

Кого прашавте и од кого добивте дозвола да ги поткопувате македонските интереси и национални позиции?

Од кого добивте зелено светло да изнесувате вакви понижувачки ставови? Го прашавте ли Парламентот или можеби граѓаните?

Зошто не дојдете да се обратите во Парламентот по најзначајното прашање?Ова што го правите се потези на политички и интелектуални очајници.

Линк до постот:

https://www.facebook.com/DraganKovachki