Силјановска: Владата на Ковачевски е нелигитмна во самото настанување и има лица чии биграфии личат на флаери
Најспоменуваниот поим беше легитимитет. Легитимитетот, прво, извира од граѓаните и се манифестира, потврдува или губи на избори. Специфичен го прави потрошниот карактер бидејќи се работи за игра меѓу влезни и излезни елементи барања на граѓаните и влезни како закони, политики и кога ќе дојде до дискрепанца помеѓу нив зборуваме за легитимицасика криза. И оваа влада е во тешка легитимациска криза, рече Гордана Силјановска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на собраниската дебата за составот на нова Влада.
Таа објасни зошто владата е во тешка легитимациска криза.
„Прво, не може оваа влада да го наследи легитимитетот од претходна влада, таа не може да ги делегира бидејќи премиерот си замина од лична одговорност, а не поради друга функција. Второ, кога се конститутираше власта во неа беше Беса неа ја нема сега во Владата или значи гласачите сега не се гласачи на оваа коалиција и легитимитетот е нагризен, ја има Алтернатива за која не знаеме што мислат граѓаните за нејзино трансформирање во власт“, рече Силјановска.
Дополнително, Силјановска наведе и други недоследности, како дека министри кои беа носители на кандидатски листи ги нема и додаде дека најголемиот удар беа локалните избори. Исто така посочи дека и малите партии даваат условена поддршка што е спорно за легитимитет.
„По дефиниција оваа влада е нестабилна влада, по она што се случува внатре во СДСМ и надвор, тешко дека е влада на СДСМ, туку е на Зоран Заев“, рече Силјановска.
Според неа нема ништо и околу суштината. и кажа дека Европскиот центар за политики вели новата политичка криза тлее во Македонија по оставка на премиерот и огромна победа на опозицијата.
„Тоа предизвикува инхерентни ризици и тоа ја намалува посветеноста на ЕУ процесот, судството не е на ниво, корупцијата царува, пандемијата ја влошува состојбата, на економски и социјален план нема резултати“, вели Силјановска.
Според неа легитимитетот на Ковачевски е всушност врзан неразделно од некој кој до вчера би палтрон, султан, објаснувајќи „мислам на најголемиот носител на моќта мислам на премиерот, а не го спомнавте, а ве преферираше одевте со него за да се манифестира блискоста.
Говорејќи за персоналните решенија Силјановска рече „ако си оди Димитров бидејќи нема датум за ЕУ, со него треба да замине и Османи зошто датумот како да остана во црната кутија во авионот во кој очигледно немаше пилот“.
„Се говори за владеење на правото. Дали колегата Тупанчевски ќе се дистанцира од оној договор дека независни експерти ќе извршат меѓународен мониторниг на процеси за кои постојат сомневања политички дека врз нив било вршено политичко влијание како Монструм, Диво насеље. Тие може да се ревидираат само ако се најдат во Стразбур пред Судот за човекови права ова е директно мешање во судската власт“, заклучи Силјановска укажувајќи дека „оваа Влада во самото настанување е нелегитимна и има биографии кои личат на флаери“.