Бадник – ден пред Христовото раѓање

Бадник — денот пред роденденот на Исус Христос (Божиќ), според христијанската традиција. Според јулијанскиот календар, по кој се раководи МАкедонската православна црква, Бадник паѓа на 6 јануари секоја година, а Божиќ на7 јануари. Суштината на празникот е во радоста на христијаните пред големиот ден — Христовото раѓање. Истовремено, со овој ден завршуваат и Божиќните пости.

Кај сите христијански народи има низа обичаи за Бадник, особено поврзани со Бадниковата вечера. Трпезата на Бадник е исклучиво посна и најчесто се подготвуваат риба, грав или посна сарма.

Во поголем дел од Македонија, на Бадник се крши лепчето со паричка и верувањата се дека оној на кој ќе му се падне паричката ќе има среќа цела година.

За многу години христијани!