Вечерва е Коледе

Од вечерва започнува славењето на најголемиот христијански празник, раѓањето Христово – Божиќ.

Оваа вечер е означена со палење коледарски огнови и пеење песни околу огнот, со цел „да се избркаат злите духови од земјата“.

Иако некои овој обичај го сметаат за пагански, сепак, нема маало каде што вечерва пријателите, комшиите, роднините не се собрани за да ја означат ноќта спроти Бадник.

За многу години!