Погоните на РЕК Осломеј ставени на пауза

Од синоќа РЕК Осломеј не работи. Вработените вчера ги известиле дека електраната нема да работи заради немање мазут. Но она што повеќе ги револтира вработените е немањето јаглен и трошоците кои би се јавиле при нејзино повторно активирање.

Имало и списоци на околу 400 вработени за отпуштање од работа, дел кои се ставени на 70% плата за период од три месеци и принуден одмор.

Но она што најмногу ги револтира вработените е фактот што членови на СДСМ и ДУИ кои работат во РЕК Осломеј се распределени на работа во РЕК Битола и земаат двојни плати.

Извор: Тв Алфа

Постави одговор

Your email address will not be published.