Од денес стапи на сила законот за недела – неработен ден

Од денес стапува на сила измената во законот за работни односи со кои недела е неработен ден, освен за оние дејности во кои работниот процес не смее или не може да биде запрен, како и минимум 50% поголема дневница и слободен ден во неделата за оние на кои ќе им биде дозволено да работат.

Инспекторите се излезени на терен за да ја увидат фактичката состојба колку се почитува законот. Најавени се високи казни за оние правни и физички лица кои нема да го почитуваат законот.