Помилување за Нинџа?!?!?!
На списокот со 48те затвореници за кои се бара помилување од претседателот Стево Пендаровски, а кој го потпишува министерот за правда, во овој случај Маричиќ, се најде и името на контроверзниот Александар Василевски – Нинџа.
На јавноста Нинџа и е познат по тоа што неколку пати го менуваше исказот во врска со настаните од 27 април, па според тие искази, Русковска и Кацарска успеаја на ги осудат уставобранителите за т.н. дело тероризам и да добијат вкупно 211 години казна, додека Нинџа доби само 7. И за да биде апсурдот поголем, тој сега е ставен на списокот за помилување!
Следен на списокот за помилување кој е исто така надвор од секој разум е Бобан Илиќ, убиецот на 4-годишниот Алмир во Куманово!
Агум Нухиу, кој е заменик-миниустер за правда, јавно на социјалната мрежа Фејсбук се огради од списокот потпишан од неговиот претпоставен Маричиќ.
Се чека дали одлуката ќе биде потпишана од комисијата за помилување.
Коментарите по социјалните мрежи се огромни во кои преовладува бес и неверување во одлуката на министерот.